Свет
Стоичков образложи зошто Белингем незаслужно ја добил наградата „Златно момче“

Христо Стоичков е жива легенда на Барселона и со текот на годините стана препознатлив со изјавите кои ги дава без влакна на јазикот, случај кој го повтори и сега кога ја „начна“ темата „Златно момче“.
Џуд Белингем го доби признанието за најдобар млад играч за 2023-та година и беше прогласен за број еден на гала вечерта која се одржа во Париз, награда која според Стоичков требала да заврши кај друга млада ѕвезда на Бундеслигата.
– Дали требаше Белингем да биде „Златно момче“? НЕ, толку е едноставно. Не го доведувам во прашање квалитетот на Џуд, тој е еден од најголемите таленти во светот, има неверојатна класа и фантастичен мозок. За мене тој е мешавина од Лаудруп, Кака и пред се Погба. Иднината е пред него, ќе се бори со Мбапе и Халанд за „Златната топка“, но сакам да ве прашам друго, – вели Стоичков во интервјуто за „Тутоспорт“ и продолжува.
– Што освои тој во 2023-та година со Борусија Дортмунд и Реал Мадрид? Ништо! Добро знаете што вели мојот добар пријател Мурињо. Титулите се на прво место.
– Не треба да се навраќате премногу, потсетете се како заврши сезоната во Бундеслигата. Борусија играше дома со Мајнц, додека Баерн на гости кај Келн. Тухел на крајот го внесе Мусиала и тој донесе гол за победа и титула, додека Борусија одигра само нерешено со Мајнц. Затоа велам дека имаше подобар кандидат од него. Гави не можеше да ја добие бидејќи ја доби една година претходно, затоа требаше да победат Мусиала од Баерн, или Балде од Барселона, – завршува Стоичков.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Англијапред 7 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него