Поврзете се со нас

Шпанија

Стоичков му одржа лекција на Дембеле: Ако не сакаш да бидеш во Барселона, немој барем…

Објавено

на

Усман Дембеле е едно прашање кое Барселона мора што поскоро да го реши и затвори со оглед на тоа што стана проблем кој предизвикува голем интерес, но и дефинитивно немир во самиот клуб, екипата.

Французинот има уште неколку месеци од актуелниот договор, а тој и неговиот агент не ја прифаќаат понудата за продолување на соработката по што управата на Барселона и тренерот Чави Ернандез решија да го „замрзнат“ со тоа испраќајќи јасна порака.

Дембеле иако беше фит не беше на списокот на повикани играчи за вчерашната средба против Атлетик Билбао и може воопшто да не заигра до крајот на сезонава ако остане во сегашната средина, па затоа се бара од него да си замине од „Камп Ноу“ со што сите страни би биле задоволни.

И додека трае оваа драма легендарниот Христо Стоичков кој во два мандати беше дел од Барселона и освои многу тутули се реши да му одржи лекција на Усман кој пред неколку години пристигна како замена за Нејмар.

-Ако не сакаш да бидеш во Барселона, немој барем да го валкаш грбот. Остави го дресот и како џентлмен кажи „си заминувам“. Господинот Лапорта му ја отвори вратата и му дозволи да си замине. Овие луѓе кои не ги чувствуваат боите на клубот треба да си заминат. Јас се потев за тој дрес и знам што значи Барса. Му аплаудирам на Чави што не го зема во тимот затоа што соблекувалната заслужува почит. Со историја од 121 година нашиот клуб и грб заслужува почит.

-Дембеле никогаш не разбра што е Барселона. Јас како странец морав тоа да го направам, од времето на Кубала, Караско, Линекер, Бакеро, Салинас… Јас ја знаев историјата. Ти благодарам многу што ги измами луѓето да веруваат дека знаеш да играш фудбал. Ви кажувам затоа што јас играв на таа позиција, -порача Бугаринот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни