Поврзете се со нас

Балкан

Стоичков и Балаков по трагедијата во Кочани: Се молиме за повредените…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Бугарија е една од земјите која и помага во овој тежок период за Македонија по трагедијата во Кочани во која животот го загубија 59 лица, а многмуна се повредени.

Источниот сосед понуди помош и дел од нашите граѓани веќе се во Бугарија каде добиваат соодветна нега за повредените и изгорениците на телото. Во исто време се огласи и фондацијата „Национали ‘94“ основана од Христо Стоичков, Борислав Михајлов и Красимир Балаков кои изразија сочувство до настраданите, молитви за повредените, а и најавија финансиска помош и донација за погодените семејства.

-За трагедијата нема датум и час, по неа остануваат само солзи и неизлечива болка. Изразуваме најискрено сочувство до семејствата на загинатите. Фудбалот нè зближи со луѓето од Македонија, а сега е време да бидеме со нив. Се молиме за повредените. Нека Господ биде со нив, -порачаа од фондација.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни