Поврзете се со нас

Шпанија

Стоичков го заштити Куман и посочи кој фудбалер треба да биде продаден од Барселона

Објавено

на

Бугарскиот легендарен фудбалер Христо Стоичков повторно отворено зборуваше за актуелната ситуација во неговиот поранешен клуб Барселона.

Каталонците останаа без можност да се борат за титулата во Ла Лига во последното коло, но Стоичков не сакал вината да ја префрли на тренерот Роналд Куман.

– Сите зборуваат за Куман, но тој не е виновен. На теренот излегуваат и играат единаесет фудбалери.

Поранешната ѕвезда на Барса повторно го нападна Антоан Гризман.

– На натпреварите против Ливерпул, Јувентус, ПСЖ, Реал и Атлетико тој не покажа дека вреди толку пари. Кога Гризман игра, Барса има фудбалер помалку на теренот. Треба веднаш да биде продаден, – изјавил Стоичков.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни