Поврзете се со нас

Шпанија

Стоичков без влакна на јазикот: Зошто Рикелме не успеа во Барселона? Тоа е поради идиотот Ван Гал

Објавено

на

Хуан Роман Рикелме беше еден од играчите кој требаше да одбележи една ера во аргентинскиот и светскиот фудбал, но ако се земе се во предвид тој не ги оправда тие очекувања пред се со настапите во Европа.

Тој во 2002 година направи трансфер од Бока Јуниорс во Барселона каде веднаш ја доби „десетката“, но неговата приказна со каталонците траеше една сезона по што беше позајмен во Вилјареал каде беше брилијантен и се задржа до 2007 година по што се врати дома каде активно играше до 2015 година.

Рикелме беше вистински виртуоз со топката и тоа многу добро го знаат сите фудбалски фанови, но понекогаш има пречки за да заблескате во полн сјај, а според Христо Стоичков тоа во Барселона бил тогашниот тренер Луи Ван Гал.

-Зошто Рикелме не успеа во Барселона? Бидејќи имаше идиот тренер како Ван Гал, тоа е очигледно. Тој направи добри работи, кои мора да се препознаат и да се признаат, но поради неговата глупости настрадаа многу играчи во светот на фудбалот. И самиот имав проблеми со него како кога првпат влезе во соблекувалната и рече дека има премногу „кројфитизам“. Баш така, погледнете ја разликата меѓу тебе и Јохан…

-Рикелме не можеше да го покаже својот потенцијал во Барселона поради начинот на кој Ван Гал го распоредуваше на теренот. Имаше фантастична кариера, особено во Виљареал, но и во таа една сезона со Ван Гал во Барселона беше многу добар. Ме натера да се забавувам со него. Неговите голови, додавања, дриблинзи… но кога ќе дојде некој што сака да прави вино со јаболка, не оди добро. И така испадна на крајот, -порача Стоичков.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни