Стох победи и во Гармиш, ја зголеми предноста на „Четири скокалници“

kamil-stoch`

Полскиот натпреварувач Камил Стох победи на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен, со што ја зголеми предноста пред најголемите ривали на новогодишната турнеја „Четири скокалници“.

Ланскиот победник на турнејата веќе стигна и до втора победа во ова издание, а денеска ја осигура победата со најдолгиот скок од 139,5 метри, повторно оставајќи го зад себе Германецот Рихард Фрајтаг. Денеска трет беше Норвежанецот Андерс Фанемел, а најпријатно изненадување беше Словенецот Тимол Бартол кој го освои петтото место.

Третата станица на „Четири скокалници“ е Инсбрук на 4 јануари.

Facebook Коментари