Стох го освои Инсбрук, останува во игра за перфектна победа на „Четири скокалници“

kamil-stoch`

Камил Стох ја продолжи одличната серија на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ и со победата во Инсбрук се најде многу блиску до одбрана на титулата која ја освои и минатата година.

Полскиот натпреварувач блеска во Светскиот куп во ски-скокови, а во австриски Инсбрук со скокови од 130 и 128,5 метри уште еднаш ги остави зад себе големиот број ривали и се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал.

Даниел Андре Танде од Норвешка и Андреас Велингер од Германија ги освоија второто и третото место на третиот од четирите натпревари, а Стох само чудо може да го спречи да ја прославува новата титула на „Четири скокалници“ по последниот натпревар во Бишофсхофен. Евентуалниот триумф ќе значи израмнување на рекордот на Свен Ханавалд кој засега е единствениот скокач кој победил на сите четири натпревари во едно издание.

Facebook Коментари