Стох блесна и во Бишофсхофен за перфектна победа на „Четири скокалници“

kamil-stoch1

Полскиот ски-скокач Камил Стох на маестрален начин ја потврди победата на новогодишната турнеја „Четири скокалници“, триумфирајќи и на последниот натпревар во Бишофсхофен.

Скоковите од 132,5 и 137 метри беа доволни за Стох да ја оствари четвртата победа за перфектен скор на традиционалното натпреварување кое е дел и од Светскиот куп во ски-скокови, а со тоа го израмни постигнувањето на Свен Ханавалд кој беше единствениот досега кој победил на сите скокалници во едно издание.

Исто така, Стох ја одбрани титулата освоена минатата година, а е и еден од ретките натпреварувачи кои врзале пет победи по ред на две последователни изданија.

На денешниот натпревар во Бишофсхофен, второто и третото место им припаднаа на Норвежанецот Андерс Фанемел и Германецот Андреас Велингер.

Facebook Коментари