Поврзете се со нас

Формула 1

Стјуардите му се „намерачија“ на шампионот: Ферстапен доби нова казна за потегот од завршницата на спринтот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/F1

Макс Ферстапен продолжи да добива казни од стујардите во Формула 1, кои очигледно му се „намерачија“ на актуелниот светски шампион во последно време.

Откако доби 20 секунди казна за двата маневри во дуелот со Ландо Норис на трката во Мексико, Ферстапен доби очекувана казна за измени во моторот за утрешниот старт на главната трка во Бразил (минус пет позиции), но Холанѓанецот доби пет секунди казна и за својот потег во зваршницата од денешниот спринт.

Ферстапен покажа добар ритам и јасно стави до знаење дека неговиот Ред Бул може да прави проблеми во Бразил, но испадна дека неговите последни напади врз Оскар Пјастри биле нерегуларни.

Имено, Макс се стекнал со мала предност и почнал да го напаѓа Пјастри уште пред да биде покажано зелено знаме за напуштање на безбедносното возило, па поради тоа, доби казна од пет секунди на крајот од спринтот.

Наместо трети, Ферстапен со казната сега е четврти, па тоа значи дека ФИА му „откина“ уште еден бод од предноста која ја има пред Ландо Норис.

По спринтот се чинеше дека разликата пред утрешната трка ќе изнесува 45 поени, но со најновата промена, разликата изнесува 44 поени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни