Поврзете се со нас

Формула 1

Стјуардите ја променија одлуката за казнените поени за разочараниот Хамилтон

Објавено

на

Луис Хамилтон очекуваше многу повеќе од трето место на трката во Русија, но двете казни од по пет секунди не му овозможија вистински да му парира на Валтери Ботас.

Британецот сигурно ќе беше позагрижен и поради казнените поени впишани на неговата лиценца, бидејќи ќе беше на само два бода од забрана за настап на една трка.

Стјуардите ја разгледале жалбата на Мерцедес за казнените поени и ја повлекле својата одлука, затоа што утврдиле дека Хамилтон добил погрешни насоки од својот тим.

Британецот беше казнет поради прекршување на правилата за стартување при загревањето, но стјуардите ги преслушале аудио снимките од комуникацијата меѓу него и тимот и од било утврдено дека возачот ги слушал насоките на одговорните во Мерцедес.

Претходно, Хамилтон ги критикуваше стјуардите за одлуката за казнени поени, па дури и изјавил дека „сакаат да го сопрат“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни