Формула 1
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)

Кими Антонели денеска стана најдобриот дебитант во последните 10 години во Формула 1, откако возачот на Мерцедес успеа да се избори за високо четврто место.
Иако по крајот на трката му беше изречена казна од пет секунди и беше преместен на петтата позиција, жалбата на Мерцедес на крајот вроди со плод, па младиот Антонели се враќа на местото кое го избори на патеката.
Младиот возач на Мерцедес со четвртото место стана најдобриот дебитант во изминатата деценија во „најбрзиот циркус“, што само е потврда дека Тото Волф направи добар потег што му даде шанса на највисоко ниво.
Трката во Австралија дефинитивно долго ќе остане во сеќавање на 21-годишниот возач, кој денеска напредуваше од 16-то до 4-то место, завршувајќи зад својот тимски колега Расел.
Со најновата одлука на стјуардите, Антонели добива два бода повеќе и освои вкупно 12, додека два помалку сега има Алекс Албон кој падна на петтото место (10).
Kimi Antonelli's five-second time penalty has been removed after Mercedes submitted a successful ‘Right of Review’ request
Read the full story below 📝#F1 #AusGPhttps://t.co/I7q5aPpQwN
— Formula 1 (@F1) March 16, 2025
-
Италија23 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија12 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија7 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија11 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија21 час
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите
-
Шпанија23 часа
Флик по драматичната победа над Селта: Посебно сум среќен поради една работа
-
Лига на шампиони12 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Шпанија8 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)