Поврзете се со нас

Формула 1

Стјуардите ја изрекоа првата казна за трката во Саудиска Арабија (Видео)

Објавено

на

Формула 1 трката во Саудиска Арабија донесе посакувана драма во завршницата, а главни актери беа Макс Ферстапен и Шарл Леклер кои во последните кругови водеа битка за првото место.

Позицијата на двајцата најдобри е дефинитивна, а зад нив е потврден и Карлос Саинц, иако Шпанецот беше под истрага поради евентуално непочитување на жолтите знамиња.

Она што е официјализирано од стјуардите е епилогот на првата истрага, водена за Алекс Албон од тимот на Вилијамс.

Во завршницата на трката, Албон имаше контакт со Ленс Строл, па она што беше очигледно, стјуардите го потврдија како вина на Албон и му изрекоа казна од три позиции на следната трка во Австралија, како и два казнени поени.

Албон ја заврши трката на 14. место, па затоа и казната се однесува на следната трка.

Стјуардите водеа истрага и за Саинц, Серхио Перез и Кевин Магнусен, а причина е евентуалното непочитување на жолтите знамиња во првиот сектор, но на крајот е одлучено дека оваа тројка не ги прекршила правилата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни