Поврзете се со нас

Европски купови

Стјепановиќ: Поквалитетни сме од Тримо, одиме на победа

Објавено

на

Тимот на Еурофарм Пелистер вечерва од 20:45 часот ќе го одигра четвртиот меч од групната фаза во Лигата на Европа и тоа против Тримо Требње од Словенија.

Ова гостување е добра можност битолчани да дојдат до првиот позитивен резултат, поточно победа во ова натпреварување. „Фармацевтите“ досега загубија од ГОГ и Рајн Некар Левен, додека пак на домашен терен ремизираа со швајцарски Кадетен Шафхаузен.

Десниот бек Невен Стјепановиќ верува дека како екипа тие се поквлакитетни од Тримо и можат да дојдат до триумф на ова гостување.

-Секогаш постои притисок. И кога сте поквалитетни екипа и кога не сте – секогаш постои тој притисок. Мислам дека сме поквалитетна екипа од Тримо Требње, но тие играат многу брзо, што и го покажаа против Татабања. Унгарците се многу добра екипа, а тие успеаја да ги победат. Одиме со респект, но имаме императив на победа, поквалитетна екипа сме и се надевам на позитивен резултат, -истакна Стјепановиќ кој проговори за повредата и како сега се чувствува по санирањето, надминувањето на истата.

-Моментално се чувствувам одлично. Што повеќе време минува, се враќам во форма. Одигравме неколку официјални натпревари, влегувам во ритам. Не можам да речам дека целосно се вратив во ритам, но се трудам колку што можам. Дури сега гледам колку е тешко да се враќаш од вака тешка повреда. За жал заради овој коронавирус немавме многу натпревари, баш тие ми недостигаат. Но, се надевам на подобри времиња и добри партии, -рече бекот на Еурофарм Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни