Стиви-Џи не можеше да остане мирен на клупата: Изведе минијатура со топката за време на мечот со Шкупи (Видео)

stivi-topka

Стивен Џерард ќе го памети своето официјално деби на клупата на Ренџерс како меч на кој за противник имаше македонски претставник, откако изминатава вечер неговиот тим славеше со 2:0 во првиот од двата предвидени меча во квалификациите за Лига Европа.

Тимот од Глазгов беше подобар во секој поглед и со гол во 92-та минута си обезбеди позитивно водство од 2:0, но покрај погодоците на теренот, големо внимание во јавноста на Островот предизвика и еден бравурозен потег на Стиви Џи.

Легендата на Ливерпул не можеше да остане мирна на клупата, па во еден момент покажа дел од своите квалитети со маестрален допир крај аут линијата.

Facebook Коментари