Стивен Хокинг имаше теорија за успех на англиската фудбалска репрезентација

Смртта на британскиот физичар Стивен Хокинг донесе голем број информации за неговите научни постигнувања и теории кои имаа сериозно влијание врз истражувањата на неговите колеги.

Хокинг има и една спортско-научна авантура, откако прифати да направи анализа на настапите на англиската репрезентација пред Светското првенство во 2014 година, со цел да се дојде заклучоци зошто Англичаните немаат успеси на мундијалите по 1966 година.

Британскиот научник анализирал 45 натпревари на англискиот национален тим и дошол до интересни заклучоци.
Хокинг истакнал дека Англија се снаоѓа подобро на стадиони кои се наоѓаат на 500 метри над надморската височина, а зголемувањето на температурата за 5 степени целзиусови ги зголемувале шансите за победа на Англија за 59 проценти. Исто така утврдил дека црвените дресови имаат позитивно влијание врз мотивацијата на репрезентативците, а најдобри резултати се постигнувани со формацијата 4-3-3.

Хокинг кој почина на 76-годишна возраст имаше и своја теорија за изведување на пеналите. Според него, реализацијата е сигурна 84 проценти доколку се шутира во горниот десен или лев агол.

Facebook Коментари