Стив Кер ги остави „воините“ среде натпревар и му ја препушти таблата на Игудала! (Видео)

ker-golden

Голден Стејт го растури Феникс на домашен терен и успеа да стигне до третата победа во низа по двата неочекувани порази кои ги претрпе од Денвер и Оклахома, а овој меч на „воините“ се разликуваше од сите останати во НБА лигата бидејќи Стив Кер направи нешто што не се памети во најсилното кошаркарско натпреварување.

Тренерот на Голден Стејт во првата четвртина одлучи да ги остави своите играчи на милост и немилост, односно им дозволи сами да го водат мечот и тие самите да си бидат тренери еден на друг. Кер го направи овој неочекуван потег уште во првата четвртина, а маркерот и таблата за цртање на акции му ја препушти на искусниот Андре Игудала кој инаку прв ја имаше задачата да ги потстрои своите соиграчи.

– Им најавив вакво нешто по крајот на последниот меч. Им реков дека ќе се обидеме да направиме вакво нешто, им порачав дека ова е нивни тим, а не мој. Ова е првата работа која мислам дека треба да ја мисли секој тренер. Ова не е тим на тренерот, ниту на спонзорот, ниту на сопственикот. Ова е тим на играчите. Ова е нивни тим и почувствував потреба да се почувствуваат како газди и самостојни. Ние како тренери може само да ги водиме и да им го покажеме патот, но не можеме да ги контролираме. Тие го одлучуваат својот пат. Мислам дека не ги правевме доволно добро работите последниот месец и верував дека ова добро ќе им дојде. Куминицираа навистина добро и изведоа некои многу добри акции. Ова беше голема ноќ за нив, – порача Кер по мечот кој интересно Голден Стејт го доби со преубедливи 129:83.

Facebook Коментари