Поврзете се со нас

Англија

Стив Брус излезе со брутална изјава откако заработи отказ од саудијските милијардери

Објавено

на

Стив Брус непоредно претпладне доби официјален отказ од Њукасл, само неколку дена откако го прослави својот 1000-ти меч во менаџерската кариера, кој може да биде и последен за него како фудбалски стручњак.

ИСкусниот играч и легендарен фудбалер на Манчестер Јунајтед е дел од фудаблот цели 43 години, но она што го доживеал во изминатите 28 месеци му нанело огромна штета на него, но повеќе на неговото семејство поради константниот притисок и недолични коментари за неговата работа.

Брус не говори само за последните две седмици во кои постојано се зборуваше за негов отказ по преземањето на саудијските милијардери, туку и за периодот во кој прв човек на клубот беше Ешли.

– Мислам дека ова ќе биде моја последна работа во фудбалот. Не се работи само за мене, ова зема данок на цело мое семејство. Тие беа загрижени за мене, особено мојата сопруга Јан. Веќе имам 60 години и не знам дали би можел да ја пуштам повторно во вакво нешто. Имавме добар живот досега и најверојатно ова е мојот менаџерски крај. Сепак, оставам простор да добијам телефонски повик и да му подадам рака на некој добар газда. Никогаш не вели никогаш, го научив тоа во фудбалот.

– Но, животот во Њукасл за мене беше многу тежок, се фрлаше со дрвја и камења и беше многу тешко. Никогаш да не бидете сакан, да чувствувате дека луѓето сакаат да неуспеете, да читате дека ми предивдуваат неуспех, дека сум неспособен, глупав и тактичка зелка. Тоа се случуваше од првиот ден. Кога резултатите беа добри, повторно велеа дека фудбалот што го играме е никаков, или велеа дека сум имал среќа. Сето тоа беше смешно и постојано се повторуваше истото, дури и кога резултатите беа на моја страна, – се исповеда Брус во интервјуто за „Телеграф“ непосредно откако заработи отказ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни