Поврзете се со нас

Свет

Стиман ќе живее: Семејството на починатиот мотоциклист направи потег за пример!

Објавено

на

Новата патека во Португалија, Алгарве, иако е изградена според најсовремените безбедносни стандарди, сепак минатиот викенд беше место каде што се случи страшниот инцидент од мотоциклистичката трка во категоријата „Суперспорт 300“, во која загина холандскиот возач Виктор Стиман.

Неговиот пад на свиокот број 14 резултирал со фатални повреди на главата, од кои починал три дена подоцна, откако медицинските лица го трансферирале со хеликоптер до болницата во градот Фаро.

Семејството на трагично загинатиот мотоциклист се одлучи за несекојдневен потег, донирајќи ги неговите органи со цел да се спасат пет други човечки животи.

– Како родители на мотоциклист, отсекогаш сме стравувале од вакво нешто. Нашиот Виктор не успеа да ја добие својата последна трка. Покрај несовладливата загуба и тага, горди сме што можеме да споделиме дека нашиот херој и покрај тоа што почина, успеа да спаси петмина други ваква ситуација. преку донација на органите. Сакаме да се заблагодариме на сите што беа со нас во овие денови, Виктор енормно ќе ни недостига,- се вели во соппштението од семејството на Стиман.

Виктор Стиман претходните сезони настапувал за КТМ, а од оваа сезона бил член на тимот МТМ Кавасаки, со кој дошол во ситуација да се бори за шампионската титула, но падот во Португалија го уништи неговиот сон.

Ова е втор смртен случај во истата мотоциклистичка серија, откако минатата сезона загинал Деан Берта Виналес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни