Поврзете се со нас

АТП

Стигнаа првите резултати, Димитров заразил тројца колеги, меѓу нив и најдобриот хрватски тенисер

Објавено

на

Вчера излезе информација дека бугарскиот тенисер, Григор Димитров е позитивен на коронавирусот.

Бугаринот учествуваше на турнирот „Адриа Тур“ организиран од Новак Ѓоковиќ кој се играше во неколку балкански земји.

Овој турнир би можел да има лоши последици со оглед на фактот што веќе почнаа да излегуваат позитивни тенисери на коронавирусот.

Сите тенисери кои учествуваа на овој настан имаа и реовни контакти со свои фанови, па голема е веројатноста поради него коронавирусот дополнително да се прошири низ балканските земји.

Хрватскиот „Индекс“ пренесува дека најдобриот тенисер од оваа земја, Борна Чориќ исто така е позитивен од на опасниот вирус.

Чориќ имал редовни контакти со Димитров, а се сретнал на „Адриа Тур“ и во првото коло кога Хрватот го доби натпреварот.

Од медиумот јавуваат дека уште двајца тенисери кои учествувале на натпреварувањето во Задар се позитивни на коронавирусот, но засега нивните имиња не се откриваат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни