Стигнаа првите критики на адреса на Мурињо од играч на Манчестер Јунајтед: Бевме тим за потсмев…

dzonsmurinjo

Назначувањето на Оле Гунар Солскјер како привремен предводник на „Црвените Ѓаволи“ се чини беше перфектен потег на управата на клубот.

Манчестер Јунајтед нема пораз во последните 11 натпревари во сите натпреварувања на кои ремизираше само еднаш, против Барнли на „Олд Трафорд“.

По победата против Фулам, свој коментар даде Фил Џонс кој игра одлично под водство на норвешкиот стратег. Повремениот англиски репрезентативец призна дека додека Мурињо бил на чело на клубот Манчестер Јунајтед бил тим за потсмев, но дека сега работите се смениле и не е така.

-Беше тешко за сите инволвирани. Бевме тим за потсмев од почетокот на сезоната, но со сигурност сега не е така. Сите ќе не сфатат сериозно сега, го докажавме тоа со Солскјер, и сигурен сум дека ќе бидеме уште подобри.

-Тоа може да се види во секој натпревар, креираме голем број на шанси, а противничките ги сведуваме на минимум- заклучи фудбалерот кој неодамна го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и ќе остане на „Олд Трафорд“ најмалку до 2023 година.

Facebook Коментари