Стигнаа и првите критики на адреса на Де Хеа: Тој во послдните шест месеци е просечен….

degea-potpis

Давид Де Хеа се уште го нема продолжено договорот со Манчестер Јунајтед, а во јавноста често се слушаат шпекулации поврзани со неговото име и неговата иднина.

Сега, свој коментар за ситуацијата на шпанскиот голман даде поранешниот голман на Челси и Фулам, Марк Шварцер.

Според Шварцер, Де Хеа со месеци има просечни настапи за Манчестер Јунајтед и посочи дека тоа веројатно се должи на константните шпекулации и нерешената иднина на играчот.

– Мора во даден  момент да донесат одлука дали ќе го ценат исто и ќе му понудат колку што бараат. Има многу шпекулации за него и се уште постои можност тој да си замине. На крајот, ќе дојде период кога вашите настапи во минатото ќе бидат многу далечни, а ќе се оценуваат само настапите во сегашноста. Во последните шест месеци тој е просечен, а неговите настапи не беа ни блиску до тоа што бевме навикнати да го гледаме во минатото. Ако погледнете подобро ќе видите дека Манчестер Јунајтед примил многу голови по директна грешка на Де Хеа, -истакна Шварцер…

Facebook Коментари