Поврзете се со нас

Европски првенства

Стигна потврда од УЕФА: Македонија пред публика ќе дебитира на ЕП

Објавено

на

Македонската репрезентација за првпат во својата историја ќе дебитира на еден голем фудбалски настан и тоа на Европското првенство кое е на програмата оваа година, настан на кој ние во групната фаза ќе играме против Австрија, Украина и Холандија во Букурешт и Амстердам.

Од Европската фудбалска федерација (УЕФА) стигна потврда дека овие средби ќе бидат со публика, поточно Македонија е во групата на градови (Амстердам, Букурешт, Копенхаген и Глазгов) на кои стадионите ќе бидат исполнети со капацитет меѓу 25 до 33 проценти со тоа што со исклучок на Глазгов е оставен простор таа бројка да биде зголемена ама се ќе зависи од тоа какви ќе бидат здравствените услови, поточно ситуацијата со пандемијата.

Инаку на овој шампионат стадионите ќе бидат исполнети од 25 до 100 проценти, односно сетоа тоа зависи од држава во држава.

УЕФА воедно информираше дека продажбата на билетите за навивачите од Македонија и останатите селекции што се пласираа преку Лигата на нации (Унгарија, Шкотска и Словачка) ќе започне во мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни