Поврзете се со нас

АТП

Стигна потврда: Надал се враќа на терените

Објавено

на

Некогашниот светски рекет број еден Рафаел Надал е подготвен да се врати на терените и големата тениска сцена.

Шпанскиот ас нема настапено на ниту еден турнир од грен слемот во Мелбурн каде загуби во четвртфиналето од Стефанос Циципас.  Меѓутоа по се изгледа тој ги има надминато сите проблеми и ќе биде дел од Мастерсот во Монте Карло кој е на програмата од 11 до 18 април.

-Надал се враќа и прв турнир ќе му биде Монте Карло. Секако, главната цел останува да игра на Ролан Гарос и тоа им е јасно на сите, -истакна докторот на бикот од Мајорка, Анхел Руис Которо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни