Стигна и официјална потврда: Словенија без Доленец на ЕП!

dolenec

Бекот на шпанска Барселона, Јуре Доленец и дефинитивно ќе го пропушти Европското првентво кое овој месец се игра во Хрватска.

Иако имаше одредени најави дека Доленец можеби ќе биде спремен за овој голем настан по операцијата на коленото, сепак тој не е на ниво да ги издржи големите напори и ќе го скокне шампионатот.

– Првите проценки по операцијата велеа дека ќе бидат потребни околу три месеци за закрепнување, по што постоеја надежи дека ќе бидам подготвен за настап. На прегледот во Барселона лекарите потврдија дека коленото е подобро од тоа што очекуваа, ама не е во таква добра состојба за да можам да играм на високо ниво што за жал значи дека нема да настапам на Европското првенство. Многу сум разочаран зошто не знам дали ќе имам шанса да играм на тунир кој е толку блиску до Словенија, пред многу наши навивачи. Верувам во овие момци, верувам ќе играат многу добро и сакам да добијат поддршка во што поголем број, -порача Доленец.

Да потсетиме Словенија е заедно е во групата Ц со нас, Германија и Црна Гора.

Facebook Коментари