Поврзете се со нас

Англија

Стигна казната за судијата кој не досуди исклучување за Пикфорд по хорор прекршокот врз Ван Дајк

Објавено

на

Судијата кој беше главен за ВАР одлуките во Стокли парк од натпреварот помеѓу Евертон и Ливерпул веднаш ја дозна својата казна за неговата според многумина погрешна проценка од „Гудисон Парк“.

Многумина сметаат дека Дејвид Кут донел погрешна проценка кога не сугерирал исклучување за  Џордан Пикфорд кој стартуваше врз Вирџил Ван Дајк кој сега ќе мора да паузира долг период пред комплетно да се опорави од повредата.

Кут досега беше во Стокли Парк за сите натпревари од Премиер лигата, а за следното коло нема да седи зад мониторите и да носи клучни одлуки.

Искусниот судија наместо да биде во Стокли Парк ќе биде четврти судија на натпреварот помеѓу Вест Хем и МанчестерСити и според многумина ова  за него е казна од ФА поради погрешната проценка од средбата на  Мерсисајд  дербито.

Кут имаше уште една спорна одлука која предизвика многу полемики кога во финишот од натпреварот поништо гол за Ливерпул поради буквално милиметарски офсајд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни