Поврзете се со нас

Евролига

Стигна и официјална потврда: Сезоната во Евролигата и Еврокупот е завршена!

Објавено

на

blank

И официјално е прогласен крај во двете најквалитетни кошаркарски натпреварувања на стариот континент-Евролигата и Еврокупот.

Ова беше потврдено по состанокот на кој беше денеска беше одржена на кој едноставно беше посочено дека нема услови да се доигра оваа натпреварувачка кампања која бепе прекината поради пандемијата од КОВИД-19 во месец март.

Изминативе месеци највисоките луѓе од овие натпреварувања заедно со клубовите, играчите се обидуваа да пронајдат решение, меѓутоа со оглед на тоа што ситуацијата е комплицирана и најважно е здревјето и безбедноста е одлучено кампањата да биде завршена без прогласување на шампион.

Во новата сезона во Евролигата (2020-21) ќе играат истите клубови кои настапуваа во актуелнава, додека пак кога е во прашање Еврокупот резервирани се само осумместа и на тоа на тимовите кои се пласираа во четвртифиналето Монако, Партизан, Промитеас, Виртус Болоња, Тофаш, Венеција, Уникаха и Уникс Казан.

Новата сезона во Евролигата и Еврокупот ако се биде како што треба ќе започне 30 септември и 1 октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни