Поврзете се со нас

Македонија

Стигна и официјална потврда: Моралес го напушта Вардар и ќе го носи дресот на „плинарите“ од Загреб

Објавено

на

Искусниот интернационалец од Куба, Јоел Куни Моралес дефинитивно си заминува од Вардар и Македонија по крајот на оваа натпреварувачка кампања.

Десниот бек останува на Балканот и ќе биде дел од најдобриот хрватски состав ППД Загреб со кого потпиша двегодишен договор.

-Доаѓам во клуб кој е присутен на најголемата ракометна сцена со години – во Лигата на шампионите ЕХФ. Мојата лична цел се разбира е да дадам се од себе на секоја тренинг сесија и во секој натпревар и на тој начин да му помогнам на клубот да ги оствари своите цели. Се радувам и што ќе ја делам соблекувалната со поранешниот соиграч Тимур Дибиров кој е одличен пример за врвен професионалец и личност која е секогаш подготвена да помогне, -истакна Моралес за веб сајтот на „плинарите“.

Кубанецот пред да дојде во Вардар играше за неколку клубови Португалија и Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни