Поврзете се со нас

НБА

Стерн: Ирвинг е најголемиот идиот во Америка

Објавено

на

Кајри Ирвинг и понатаму цврсто си стои на ставот дека нема да прими вакција против коронавирусот, одлука која во моментов оди на некога штета затоа што неможе да го прави она што најмногу го сака, а тоа е да игра кошарка или поточно да му помогне на Бруклин Нетс во остварувањето на големата цел-освојување на НБА титулата.

Дали плејмејкерот ќе остана на сегашната одлука, став и во иднина останува да видиме, врз него се зголемува и притисокот, па трпи доста критики од јавноста, од познати имиња од кошарката и останатите сфери, па така „отрвовни стрели“ кон него „испука“ познатиот радио водител, телевизиско лице, комичар Хауард Стерн.

-Тој е најидиотскиот човек во земјата во моментов, тој е најголемиот идиот во Америка. Тој има шанса да заработи милиони долари на само 30 години. Сè што треба да направи е да се вакцинира, ама тоа не го прави, -порача Стерн.

Легендарниот Чарлс Баркли се обиде да појасно зошто е важна вакцината, зошто треба секој да се вакцинира против овој вирус.

-Да се има вакцината не е нешто лично. Не се вакцинирате само за вас. Прво се вакцинирате за вашето семејство, а потоа вакцинирајте за вашите соиграчи, -рече Чарлс.

Во одбрана пак на Ирвинг застана музичарот Крис Браун.

-Вистинскиот херој! Стојам зад мојот брат. На кого не му се допаѓа…оди живејте си го проклетиот живот. Тоа е негов избор и проклето добар. Секогаш во аголот на мојот брат, -истакна Браун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни