Поврзете се со нас

Англија

Стерлинг призна дека размислува за заминување од Сити и се наметна за трансфер во…

Објавено

на

Рахим Стерлинг кој оваа сезона воопшто не е стандарден под водство на Пеп Гвардиола призна дека сериозно размислува за заминување од клубот.

Крилниот фудбалер кој беше меѓу најдобрите играчи на „граѓаните“ изминатите години сега не добива голема минутажа од Гвардиола, па со намера да игра првотимски фудбал би можел да си оди од клубот.

Изминатиов период се појавија шпекулации дека Барселона би можела да го ангажира во јануари, а Стерлинг со изјавата се наметна токму за реализација на ваков транфер.

– Ако се појави понуда од некој тим надвор од Англија, отворен сум за разговор. Размислувам за заминување од Сити. Искрено би сакал да се пробам во друга средина, тоа е предизвик за мене, -изјави Стерлинг.

Минатата сезона Стерлинг постигна 14 погодоци за Сити, додека годината претходно беше негова најдобра кога запиша 30 погодоци на 50 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни