Поврзете се со нас

Англија

Стерлинг откри зошто замина од Сити: Не можев да прифатам такво нешто

Објавено

на

Рахим Стерлинг летово го замени Манчестер Сити со Челси, а денеска првпат зборувал пред медиумите за причините за ваквиот потег.

Помалата минутажа последната сезона, влијаела англискиот репрезентативец да донесе ваква одлука, а Томас Тухел очигледно му ветил подобар третман во Лондон.

– Чувствував дека мојата минутажа во Сити е ограничена и не можев да дозволам да се откажам лесно од неа.

– Не сакам нестабилност во однос на шансите кои ги добивам, не успеав да го променам тоа и дојдов овде.

– Мојата желба е да достигнам повисоко ниво, а тоа не е возможно без редовно играње. Такво нешто не можев да прифатам, – изјавил Стерлинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни