Англија
Стерлинг ја погоди трибината од „белата точка“, голот на Фоден доволен за победа на Сити (Видео)

Манчестер Сити е се поблиску до самиот врв во Премиер лигата и со еден натпревар помалку стигна на само минус четири од лидерот Манчестер Јунајтед, откако во заостанатиот натпревар против Брајтон вечерва оствари минимална победа.
Избраниците на Пеп Гвардиола играат се подобро од натпревар во натпревар, а иако денеска не беа убедливи на теренот, сепак успеаја да освојат три бода и да врзат четврта победа во низа во Премиер лигата.
Одлучувачки се покажа моментот пред крајот на првото полувреме, кога талентираниот Фил Фоден доби добра топка од Кевин Де Брујне, а потоа прецизно биеше со својата послаба нога за водство од 1:0 во 44-та минута.
Младиот англиски фудбалер добива се поголема доверба од Пеп и на истата возвраќа со фантастични партии, па така вечерва неговиот гол се покажа како доволен за кршење на отпорот на незгодниот Брајтон.
Пред крајот на натпревар, Рахим Стерлинг доби шанса за посигурна победа, но во судиското продолжение не го реализираше пеналот и натпреварот заврши 1:0.

- Германијапред 12 часа
„Скај Германија“ јавува нов момент во врска со Алаба: Ништо не е готово, Захави ќе чека друг тим
- Светпред 11 час
Уште еден Македонец во 23-кратниот унгарски шампион: Миовски доби сонародник во МТК Будимпешта (ВИДЕО))
- Англијапред 13 часа
Пол Погба јавно се извинил на своите соиграчи од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 10 часа
Меси ја дозна казната од „дисциплинците“ за црвениот картон против Билбао
- Англијапред 15 часа
Карагер сигурен дека еден фудбалер на Ливерпул ќе го загуби првотимскиот статус по лошите изданија
- Италијапред 13 часа
Милан не запира, сега влезе во преговори со Барселона за ангажман на играчот на „каталонците“
- Светски првенствапред 10 часа
Годините се само бројка: Лазаров има 40, ама игра како да има 20 години (ВИДЕО)
- Светски првенствапред 9 часа
Митревски: Немаме што да загубиме, не се залетуваме, ама нема и да се предадеме