Стерлинг и Гомез се закачиле и на подготовките со репрезентацијата

sterling-gomez

Дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити донесе неколку нервозни ситуации, а најголемиот конфликт го имаа Рахим Стерлинг и Џо Гомез, кои мораа да бидат раздвојувани од останатите играчи на теренот.

Но, она што ги шокираше англиските фанови е дека двајцата фудбалери го продолжиле конфликтот и на денешниот прв собир со националниот тим.

Иако не е позната конкретната причина, веројатно темите околу дербито повторно ги поставиле Стерлинг и Гомез, па останатите членови на англиската репрезентација биле непријатно изненадени од ваквото однесување и фактот што морале да реагираат за да не дојде до поголем инцидент.

Во рамките на квалификациите, Англичаните ги очекуваат средби против Црна Гора и Косово.

Facebook Коментари