Поврзете се со нас

Светски првенства

Стерлинг го средил семејниот хаос и се враќа во Катар

Објавено

на

Рахим Стерлинг го пропушти осминафиналниот дуел против Сенегал и беше ослободен од обврски од својата репрезентација, но фудбалерот на Челси мораше да се врати во Англија за да ги реши проблемите кои настанале во неговиот дом.

Медиумите објавија дека Стерлинг се вратил на Островот откако дознал дека крадци влегле во неговиот дом додека во истиот биле сопругата и неговите деца, па вознемирениот крилен напаѓач почувствувал потреба да биде до своите најблиски.

Селекторот Саутгејт му даде дозвола за заминување и заклучи дека има многу поважни работи од фудбалот, дури и во ситуација кога се работи за мундијал, но добрата игра на селекцијата сега му овозможи на Рахим да се врати во Катар.

Англичаните најавија дека нема да вршат никаков притисок врз Стерлинг, но сега фудбалерот самиот донел одлука дека по надминатиот шок и претрпениот стрес, подготвен е да му помогне на тимот.

Англија во четвртфиналето ќе има навистина тежок испит пред себе, бидејќи за противник ќе го има актуелниот светски шампион, селекцијата на Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни