Поврзете се со нас

Европски првенства

Степановиќ: Ќе си пукнев од мака кога видов дека Македонија ќе игра на ЕП!

Објавено

на

Некогашниот репрезентативец на Југославија, Драгослав Степановиќ беше многу разочаран што Србија не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство кое се игра во 2021 година.

Србите на домашен терен во Белград имаа шанса да обезбедат место на континенталниот собир, но избраниците на Љубиша Тумбаковиќ не ја оправдааа улогата на фаворити и загубија од Шкотска на пенали.

Степановиќ испрати критики на сметка на Тумбаковиќ, а во неговата анализа ја спомена Македонија која за првпат се избори за билет за европски шампионат.

-Србија мораше повеќе да ризикува со Шкотска, ама тоа Тумбаковиќ не го знае. Одигравме со страв, а тогаш нема успех. Се изгуби култот на репрезентацијата. Па видете како Хрватите гинат за репрезентација. Или кога видов дека Македонија ќе игра на ЕП, сакав да умрам од мака. Земја од само два милиони жители, а дали ја погледнавте оганот во очите на Македонците кога се борат за ЕП. Секако им честитам од срце. Ние каде сме ние, се запрашал ли некој, -изјави Степановиќ кој во минатото има водено многу познати клубови како Ајнтрахт Франфурт, Баер Леверкузен и Атлетик Билбао.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни