Поврзете се со нас

Свет

Стефановски со солиден пласман и нови поени во ТЦР Италија

Објавено

на

blank

Игор Стефановски Иџе го освои солидното шесто место на денешната прва трка од натпреварувачкиот викенд на патеката Имола во рамките на ТЦР Италија шампионатот.

Македонскиот автомобилист стартуваше од шестиот ред, се бореше и за петтата позиција, но на крајот може да биде задоволен и од освоеното шесто место.

Иџе освои дополнителни 10 поени во генералниот пласман, па има вкупно 62 од само седум трки на кои учествуваше сезонава во ТЦР Италија.

Победник на денешната трка беше Микел Аскона, а на победничкиот подиум имаше место и за Џонатан Џакон и Феличе Џелмини.

Утрешната втора трка на Имола ќе се вози утре од 12:40 часот, со што ќе биде комплетирана сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни