Свет
Стефановски беше истуркан од патеката, па со херојско издание ја заврши сезоната во ТЦР Италија

Игор Стефановски Иџе вчера го освои шестото место на првата трка која се возеше на Имола, а ова попладне беше на добар пат да оствари уште подобар резултат, но сето тоа му го упропасти Џонатан Џакон.
Италијанецот буквално го истурка македонскиот возач од патеката во ситуација кога беше втор на трката, по што Џакон се откажа по влегувањето во боксот, а популарниот Иџе покажа карактер и се избори за нови бодови во последната трка од ТЦР шампионатот.
И покрај големиот пех и штетата која му беше нанесена, Стефановски се избори за 10-то место на крајот и освои нови бодови, па со херојското возење ја заокружи необичната сезона во ТЦР Италија во која пропушти многу трки поради Ковид кризата.
Инаку, победник на денешната втора трка повторно беше Микел Аскона кој славеше и на првата трка која се возеше вчера, но попладневните возбудувања донесоа и голема возбуда за шампионската титула.
На крајот, нов шампион во ТЦР Италија е Ерик Брилјадори кој го освои второто место на втората трка, а со тоа го доби директниот дуел со Тавано кој заврши петти.
Иако Стефановски беше дел од само четири натпреварувачки викенди, ја заврши сезоната со 67 поени, односно на 12. место од вкупно 29 натпреварувачи кои освоија поени сезонава

- Лига на шампионипред 24 часа
Иличиќ бесен откако беше изваден по само 30 минути игра, Гасперини веднаш му возврати
- Италијапред 21 час
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Англијапред 22 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 22 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19
- Лига на шампионипред 23 часа
Гвардиола одговори на прашањето дали се фаворити во Лигата на шампионите: Kога ги гледам нив не би рекол дека сме
- Лига на шампионипред 21 час
Капело: Прво беше оштетен Лацио, па Аталанта, ова станува сомнително
- Англијапред 20 часа
Гвардиола ја откри тајната на Сити за успесите: Имаме многу пари за да купиме неверојатни играчи (ВИДЕО)
- ВТАпред 21 час
Ѓорческа немаше одговор за шестата носителка во Москва