Македонија
Стефанов остварил иницијални контакти со Лазаров: Се надевам дека ќе ја продолжиме соработката

Македонската ракометна Федерација го доби шестиот претседател во своето постоење, а тоа е младиот и амбициозен стопанственик Александар Стефанов кој досега беше член на Управниот одбор, но и прв човек на РК Бутел.
Наследникот на Живко Мукаетов има за план да ја продолжи добрата работа на претходникот и да продолжи по патот кој го трасираше досегашната гарнитура, па во своето прво обраќае кое го имаше пред новинарите, Стефанов апострофираше дека ќе се стави акцент на младинските школи, инфраструктурата, како и развој на женскиот ракомет.
Кога е во прашање најсилната машка репрезентација, јасно е дека не треба да се прават големи промени, па новиот претседател брзо доби прашање за тоа каков е планот со Кирил Лазаров.
По завршеното Светско првенство во месец јануари, селекторот Лазаров најави дека ќе мора да седне на маса со новиот претседател, пред да донесе одлука за својата иднина, но како што стојат работите, сите во Федерацијата и натаму го гледаат Кире како идеален лидер на проектот.
– Во периодот кој измина за време на кампањата, имав неколку средби со селекторот Лазаров. Сме имале одлична соработка и досега во периодот во кој јас бев член на Управниот одбор. Се надевам дека и во иднина ќе ја продолжиме таа соработката и дека ќе ја продлабочиме врската. Селекторот успешно ја претстави репрезентацијата на последното Светско првенство, се надевам дека ќе имаме заеднички успеси и во перидот кој следи, – изјави Стефанов во разговорот за „Спортско радио 90,3 фм“.
-
Лига на нации18 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија13 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации18 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација8 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации17 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Репрезентација5 часа
ФФМ: Масев е разрешен, случајот го оставаме на органите на државата!