Поврзете се со нас

Македонија

Стефанов му се заблагодари на Милошевски, Тасевски е нов в.д. генерален секретар во РФМ

Објавено

на

Foto:facebook.com/rfmofficial

Управниот одбор при Ракометната Федерација на Македонија ја одржа првата седница со новиот претседател Александар Стефанов, кој денеска за првпат заседаваше како најдоговорен претставник пред луѓето кои му се добро познати.

Како досегашен член на Управниот одбор, Стефанов реши да му даде посебна благодарница на досегашниот генерален секретар, Филип Милошевски, но исто така за В.Д. генерален секретар го предложи досегашниот спортски директор, Влатко Тасевски.

Тасевски привремено ќе ја извршува оваа функција додека дојде на ред гласањето за нов генерален секретар, а дел од комисијата ќе бидат Слободан Трајковски, Дритон Зекири и Лефко Наумовски.

На денешниот собир во просториите на РФМ се избраа и нови директори за комисиите, па така добивме четири нови имиња како предводници.

Борко Бајалски ќе ја води Арбитражната комисија, Методи Весански ќе одлучува во Регистрациската комисја, Среќко Георгиевски ќе биде одговорен за Дисциплинската комисија, додека комисијата за Лиценцирање му припадна на Горан Милошевски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни