Поврзете се со нас

Боречки спортови

Стефан Стојановиќ стана европски карате шампион

Објавено

на

Фото: KFM.COM.MK

Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ стана европски шампион во својата категорија на Европското првенство за кадети и јуниори.

Стојановиќ денеска победи во финалето во Тампере, Финска, во кое противник му беше Матео Аванѕини од Италија, а го добил дуелот со 5:4.

Стојановиќ мораше да обезбеди пет победи за заслужен златен медал во У-21 категоријата над 76 килограми, а походот кон финалето го започна со триумф над Французинот Зуауи со 4:2.

Следуваа победи над Елијас од Чешка, Јермолаев од Летонија и Јароцки од Полска, за во неизвесното финале да го победи Аванѕини со 5:4, обезбедувајќи поен во клучните моменти за победа и статус на европски првак.

Македонија освои два медали и во кадетска конкуренција, односно Андреј Басаров освои сребрен, а Матеј Белистојаноски бронзен медал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни