Шах
Стефан Мелник од ШК Мулти Есенс стигна до делба на шестото место на Светското првенство за слепи лица
Членот на ШК Мулти Есенс, Стефан Мелник, со делба на шестото место го заврши настапот на Светското индивидуално првенство во шах за слабовидни и слепи лица, во верзија на IBSA, кое се одржа од 25 октомври до 4 ноември во Петровац, Црна Гора.
Ова е прв настап за 16-годишниот младинец на ваквото Светско првенство, кое по третпат го организира Интернационалната спортска федерација на слепите, а кое се игра во сениорска конкуренција. На крајот првите три места ги освоија играчи кои во деветте кола прокнижија по седум бода, а меѓу нив беа и двајцата најсилни според рејтингот: ФИДЕ-мајсторот Иштван Золтан Замбо од Унгарија и ветеранот ИМ Предраг Никач од Црна Гора. Со 5,5 бода Стефан Мелник се доближи до водечката група и заврши на делба на шестото место.
Претходно, годинава во јуни, тој настапи на Европското првенство за слепи лица, во верзија на IBCA, кое се одржа во Романија, каде што се пласираше на делба на 10. – 18. место.
Со исклучителните постигнати резултати Стефан Мелник го потврдува својот шаховски талент и потенцијал, а воедно и континуираната работа со неговиот тренер, ВМ Трајко Недев, во последните две години ги дава посакуваните резултати.
– Овој настап ќе го паметам по пропуштените шанси. Се изборив за подобри позиции во два случаи, од кои првиот беше против ИМ Никач, кој потоа ги искористи моите непрецизности и успеа да освои цел поен, а во вториот случај партијата заврши со реми (со Французинот Јан Тевене). Бев најмладиот учесник на Првенството, а, според информациите што ги добив, подобро пласираните играчи биле од категоријата на слабовидни лица, за разлика од мене. Сепак, осознавајќи ја конкуренцијата, мислам дека во скоро време би можел да напредувам и да стигнам до борба за еден од медалите – вели Стефан во првата изјава по враќањето.
При овој настап младинецот од шаховската школа на ШК Алкалоид освои и нови 63 рејтинг-поени на листата на ФИДЕ, слично како и при настапот на Европското првенство, кога освои 131 рејтинг-поен. Со тоа неговиот вкупен рејтинг ќе ја надмине границата од 1900 и ќе го вброи рамо до рамо меѓу најуспешните играчи од тимот на ШК Мулти Есенс, за кој настапуваше минатата сезона во екипните натпревари и со кој заедно обезбеди пласман во највисокото екипно натпреварување во Македонија според рангирањето – Првата шаховска лига.
-
Свет24 часа
Помошникот на Фенербахче тргна да слави гол со играчите, Мурињо му одржа лекција која ги изнасмеа фановите (Видео)
-
Англија18 часа
Пети за тимот кој има посилен состав од Сити во ПЛ: Сите забораваат на тоа…
-
Свет20 часа
Депај со голчиште од слободен удар ги запали навивачите на Коринтијанс (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони15 часа
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола
-
Шпанија23 часа
Фудбалер на Рајо почна да се води за исчезнат во јавноста, претседателот на клубот даде објаснување
-
Свет20 часа
Ван Дер Варт за Роналдо: Неверојатно себичен играч, тој е единствениот…
-
Англија19 часа
„Скај Спортс“ прогноза: Сити ќе продолжи да тоне, Арсенал ќе го разбие Јунајтед
-
Англија15 часа
Мбапе повторно не реализираше пенал, Реал падна на „Сан Мамес“ (ВИДЕО)