Поврзете се со нас

АТП

Стефан и Тара го имитираат Новак: Децата на Ѓоковиќ во елемент по титулата во Торино (ВИДЕО)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ успеа да го потврди статусот на најдобар светски тенисер и славеше на завршниот АТП Мастерс во Торино и тоа откако во финалето беше подобар од Јаник Синер со 2-0 во сетови, асот кој пред само неколку дена го совлада во групната фаза и имаше дури можност да му пресуди, да го елиминира.

Србинот одигра како што знае и умее во полуфиналето и финалето и дојде до седмиот пехар на завршниот турнири во сезоната. Тоа донесе големо задоволство кај него, неговиот тим, но и семејството со тоа што во прв план се најдоа децата Стефан и Тара.

Тие беа присутни во Торино и се израдуваа на овој успех на нивниот татко, а воедно и беа дел од една симпатична сцена во која го имитираа Ѓоковиќ.

Стефан беше погласен, а стисната тупаница на Тара се кажува.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни