Ставрев ќе ја дели правдата на уште еден меч во ЛЕ

stavrev

Македонскиот судија, Александар Ставрев и во оваа недела ќе биде активен на терените кога се во прашање мечевите во европските купиви, односно ќе биде главен на дуелот меѓу Базел и Трабзонспор од последното 6. коло од групната фаза во Лигата на Европа.

Овој дуел се игра в четврток од 18:55 и на истиот Базел со победа сигурно ќе го обезбеди првото место во групата Ц без разлика како и да заврши пресметката меѓу Хетафе и Краснодар. На Ставрев ќе му помогаат  Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека пак улогата на четврти судија ќе ја има Димитар Мечкаровски.

За нашиот најдобар судија ова е трет меч од групната фаза на ЛЕ кој ќе го суди во оваа натпреварувачка 2019/2020, претходно беше главен на натпреварите Ференцварош и ЦСКА Москва и Динамо Киев и Малме.

Facebook Коментари