Статуата на Марадона во Индија предизвика многу реакции кај фудбалските фанови (Фото)

Diego-Maradona

Не помина многу време откако фудбалските фанови беа шокирани од статуата на Кристијано Роналдо која беше поставена во Португалија, а сега имаме нов пример кој делува далеку од оригиналот.

Се работи за статуа на Диего Марадона поставена во Калкута, Индија, а која предизвика многу реакции поради неавтентичното реплицирање на ликот на аргентинската фудбалска легенда. Марадона ужива голема популарност во градот кој го посети во 2008 година, а локалните власти решија да му се заблагодарат со статуа висока 4 метри.

Сепак, фудбалските фанови не се убедени дека конечното решение е многу блиску до изгледот на Дон Диего од периодот кога тој го освои Светското првенство со Аргентина, инаку и темата која им била зададена на задолжените уметници.

Церемонијата на отворање на статуата беше планирана во септември, но се оствари дури денеска и тоа во присуство на Марадона кој пристигнал во Калкута со својата партнерка Росио Олива.

Facebook Коментари