Светски првенства
Стартуваше СП: Франција го декласираше Катар, Италија со извонреден кам-бек на мундијалите

Стартот на 29-то Светско ракометно првенство уште во првиот ден ни донесе на програмата еден од главните фаворити за трофејот, а селекцијата на Франција максимално ја оправда ваквата улога и го декласираше Катар на натпреварот кој се одигра во Пореч.
„Триколорите“ наметнаа темпо од самиот старт на мечот и не му дадоа никаква надеж на ривалот да се надева на било каква неизвесност, па уште по 30 минути игра беше јасно каде ќе заминат бодовите.
Французите имаа предност од 18:10 по 30 минути игра, но во ист ритам продолжија и во вторите 30 минути во кои само продолжија да ја зголемуваат предноста.
Еден од главните фаворити за највисок пласман на крајот славеше со 37:19 и уште на самиот старт испрати јасна порака до сите свои ривали во групата, во која уште се и репрезентацииите на Австрија и Кувајт.
На вториот натпревар во почетниот термин, Италија имаше брилијантен кам-бек на мундијалите по пауза од речиси две децении, совладувајќи го тимот на Тунис со 32:25.
-
НБА23 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет21 час
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија20 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Балкан22 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Лига на шампиони12 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Франција19 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Италија17 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
НБА19 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)