Свет
Стартува ЕКО Рели Акрополис – „Рели на Боговите“
Светската автомобилска елита ќе биде дел од релито ЕКО Акрополис што ќе се одржи во Централна Грција од 5 до 8 септември. Четврта година по ред, релито ЕКО Акрополис е дел од годишниот календар на Светскиот рели шампионат на ФИА (WRC), кој е највисоко меѓународно натпреварување од ваков вид.
Генерален и именуван спонзор на овој историски митинг е ЕКО Грција, подружница на HELLENiQ ENERGY Group, на која и припаѓа ОКТА АД – Скопје.
ЕКО има долгогодишна соработка со Рели Акрополис која трае повеќе од 10 години. Оваа година, ЕКО ќе биде и голем спонзор на ЕКО Супер специјалната сцена, која ќе се одржи на сервисната станица на автопатот „Сириос“, Атина, на 7 септември, по официјалното отворање на настанот.
Во четврток, 5-ти септември, седумдесет и два екипажи ќе излезат на рампата во Ламија, Грција. Во следните три дена тие ќе се натпреваруваат во 15 специјални етапи, кои ќе поминат вкупно растојание од 305 километри. Учесници од 31 земја ќе бидат во Грција за да се борат за овогодинешните титули.
Релито Акрополис, познато и како „Рели на боговите“, е меѓународно реномиран натпревар со историја од 1951 година, што го прави еден од најдолгите и најпрестижните рели натпревари во светот.
-
Лига на шампионипред 11 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Светпред 23 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Шпанијапред 12 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
Мото ГПпред 22 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Шпанијапред 10 часа
Роналдо за очекувањата од Мбапе: Реал Мадрид е поинаква приказна од ПСЖ
-
Шпанијапред 13 часа
Јамал решил да си купи егзотично животно, но се јавил проблем: Мојата мајка не ми дозволува
-
Англијапред 22 часа
Пеп не е за „модерното време“, можеби и затоа е толку успешен (Видео)
-
Шпанијапред 6 часа
Анчелоти за номинациите за „Златна топка“: Го разбирам Родриго