Македонија
Стартот на подготовките на Вардар донесоа драматичен момент, „Комити“ побараа мобилизација во Хиподром (Фото)
Вардар ги започна подготовките за вториот дел од сезоната со многу измени во играчкиот кадар, но како по традиција во последно време, првиот собир на тимот донесе и еден немил настан.
Навивачката група „Комити“ добила забрана за влез во тренинг комплексот во Хиподром, по што слободно може да се заклучи дека актуелната управа ја преместува „војната“ со најверните симпатизери на повисоко ниво.
Оваа одлука дефинитивно ќе донесе непотребна тензија на стартот на подготовките, па останува да се види дали ќе има решавања на ситуација пред тимот да замине на зимски подготовки во Анталија.
– СИТЕ ВО ХИПОДРОМ-ВЕДНАШ! Во знак на револт и протест, ги повикуваме ВЕДНАШ сите наши членови, екипи и навивачи на клубот, да дојдат пред тренинг кампот во Хиподром.
– Денес им беше забранет влезот за сите официјални членови на Маркетинг тимот на клубот, како и за сите останати членови на групата!
Нашиот одговор е јасен: НЕМА ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ додека не се решат сите проблеми во клубот и не се испочитува договорот потпишан помеѓу Здружението „35 години Вардарци” и Атила Бижен Жалили!, – гласи објавата на „Комити“.
Ова е само уште едно продолжение на „војната“ која трае од стартот на сезоната, па новата година очигледно не ја избришала нетрпеливоста која владее меѓу „Комити“ и актуелната управа со која претседава Миленко Неделковски.
-
Англија16 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија18 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација11 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија23 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија22 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Шпанија9 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија13 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Шпанија8 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)