Поврзете се со нас

Свет

Стартот на МЛС лигата донесе две сосема различни ситуации: Уткна на годината и ремек-дело за кое сите зборуваат (ВИДЕО)

Објавено

на

Започна новата сезона во МЛС лигата, а првите два натпревари донесоа сосема две различни ситуации, моменти кои ќе влезат во конкуренција за најдобар погодок и најголемо промашување на годината.

За ремек делото се погрижи Жоао Пауло од Сиетл Саундерс кој на дуелот против Минесота имаше супер волеј-мајсторија од околу 25 метри.

Кога е во прашање утката, таа е дело на ветеранот Крис Вондоловски кој не успеа да реализира зицер, празен погодок за реми на неговиот Сан Хозе против Хјустон. Се играше 84 минута кога Вондоловски од само еден метар го промаши голот на противникот, ситуација во која ако погодеше ќе беше 2-2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни