Англија
Стартерот на последните два меча за Ливерпул воочи една голема разлика меѓу Слот и Клоп

Ендо Ватару не се изнаигра од стартот на сезона и мораше да чека Куп натпревари за да врзе два настапи во низа, па така после две средби на кои беше стартер против Тотенхем и Акрингтон, Јапонецот има посилни впечатоци за тоа каква стратегија има Арне Слот.
Искусниот играч за врска по вчерашниот меч на „Енфилд Роуд“ ја апострофирал едната поголема разлика која ја воочил во пристапот на игра под водство на двајцата менаџери, иако заклучува дека филозофијата на Клоп и Слот е речиси иста.
– Не би рекол дека има голема разлика во филозофијата на Клоп и Слот. Вршиме висок пресинг и сега како под водство на Клоп, но мислам дека со новиот менаџер сме постабилни кога е позиционирањето во прашање.
– Слот бара од играчите да останат на своите позиции и да нема рокади на теренот, па тоа е она што е најразлично. Иако не играв премногу, уживам да играм за него, мислам дека сите играчи уживаме да ги спроведеме неговите замисли.
– Не сум фрустриран за мојата минутажа. Секогаш се обидувам да бидам подготвен за игра и да подадам рака кога сум му потребен на тимот. Секако дека сакам да играм на секој меч, но треба да бидам тука во било какви околности. Јас сум подготвен за секој меч и се обидувам да бидам достапен за менаџерот во секакви услови, – вели Ендо кој вчера беше избран за играч на мечот на ФА купот против Акрингтон.
-
НБА3 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Шпанија22 часа
Познат патот до големото финале: Реал и Барса се избегнаа во завршната ждрепка во Шпанија (Фото)
-
Англија23 часа
Стоунс обелодени каква сериозна порака имал Пеп за играчите на Сити по поразот од Реал
-
Англија22 часа
Излетот во Дубаи заврши навистина лошо: Артета доби трет тежок удар во битката за титулата (Фото)
-
Лига на шампиони20 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Свет23 часа
Менди си ја наполни сметката, па си пронајде и нова фудбалска средина (Фото)
-
Англија19 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Лига на шампиони24 часа
Виновникот за пеналот на Сити му се заблагодари на Брахим: Ти благодарам што ме спаси од греење клупа (Фото)