Поврзете се со нас

Шпанија

Староседелец во првиот тим на Атлетико се исповеда по големата победа над Интер: Свесен сум дека играм ужасно! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Саул Нигез во минатото беше незаменлив во стартната постава на Чоло Симеоне и имаше многу важна улога во Атлетико Мадрид, но последните неколку години се навистина тешки за него, па дури мина период на позајмица во Челси.

Поранешниот шпански репрезентативец бележи голем пад во формата и тоа се одразува и врз самодовербата на самиот играч, па така тој беше единствениот играч на Атлетико кој промаши во пенал рулетот.

Саул го замени Гризман на стартот на второто продолжение и имаше среќа што Јан Облак беше клучен во пенал рулетот, а во ситуација кога сите негови соиграчи ја славеа победата на социјалните мрежи, тој реши да им се исповеда на фановите кои му даваат подрршка и во тешки моменти.

– Навистина е тешко да се пишува во овие моменти, но кога го правиме тоа во добри моменти, треба да го правиме и во лоши. Свесен сум дека сум срање на спортски план…..

– Ги прифаќам сите критики, не само поради пеналот кој го промашив, туку и поради формата во која се наоѓам. Навистина не знам што е со мене, но единственото што ме научија од мал е да не се откажувам и да работам и во добро и во лошо, се со цел да ја променам ситуацијата. Ви благодарам што сте со мене и во добро и во лошо, – им порача Саул на фановите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни