Стариџ се соочи со нереална ситуација на одморот: Смртно сум сериозен, го сакам своето куче назад (Видео)

staridz-kuce

Даниел Стариџ остана слободен агент откако му заврши договорот со Ливерпул, а во денови кога ја чека вистинска понуда за продолжување на играчката карира, самиот тој откри дека доживеал непријатна ситуација на летниот одмор.

Доскорашниот напаѓач на Јирген Клоп се одмора во својот дом во Лос Анџелес, но уживањето му го пореметила една криминална банда од овој град која ја обила неговата куќа. Покрај торбите и неколку други вредни награди, крадците му го украле и кучето кое е голем миленик на фудбалерот, па поради тоа, тој сега одлучи јавно да се огласи преку социјалните мрежи и да испрати порака до несовесните луѓе.

– Некои луѓе го обиле мојот дом во Лос Анџелес и го украле моето куче. Слушнете, ако некој знае кој влегол во мојот дом, нека ми се јави, ќе платам за тоа. Смртно сум сериозен, сакам да знам кој ми го украде миленикот. Како може да влезете во куќа во Лос Анџелес и да украдете нечие куче? Дали сте луди? Влегувате во куќа за да украдете куче? Ве молам помогнете ми, сакам да си го најдам кучето. Ќе платам колку што сакате, го сакам своето куче назад, – вели Стариџ.

Facebook Коментари